„Концептот заробена држава се однесува на „дејствијата на поединците, групите или претпријатијата и во приватниот и во јавниот сектор, да влијаат врз носењето на законите, регулациите, декретите и другите владини политики, во нивна корист како резултат на нелегална и нетранспарентна провизија на лична корист за јавните службеници.Во оваа смисла „заробувањето“ на државата генерално се однесува на претпријатија (во случајот „грабнувачи“) кои ги „грабнуваат“ институциите и успеваат да наметнат законски и други регулации што се во нивна полза, а на штета на другите учесници со економијата и секако, на штета на јавноста. На тој начин се врши „екстракција на наемнина од државата за мала група на поединци, претпријатија или сектори преку дисторзија на основната законска и регулаторна рамка со потенцијални огромни загуби за општеството.“
Anderson, James H., Geraint Paul Jones, Sanjay Pradhan, Bill Moore, M. Helen Sutch, Randi Susan Ryterman, Joel Hellman, and Helga W. Muller. “Anticorruption in Transition : A Contribution to the Policy Debate.”