Јас би сакала да зборувам за стравотЈас би сакала да зборувам за стравот. Значи луѓето се исплашени. Се плашат да го кажат тоа што го чувствуваат и што сакаат јасно и гласно да го кажат, се ограничуваат, се чувствува некој притисок и сето тоа потврдува дека не можат слободно да се изразат, се плашат приватно да го кажат своето мислење, а не пак јавно. На пример во мојата работа соработувам со многу мали фирми и се соочувам на лице место со стравот во малите фирми. Прво што ме прашуваат, ако не те знаат – дали сте вие инспекција, ако сте инспекција, не ве пуштаме оти сега плативме казна. Значи баш од тоа дека ќе бидат казнети се плашат или дека нема да добиваат јавни набавки или дека на друг начин ќе им се реваншираат.
|
Анонимен (43 години, Неготино)