Не можам да опишам со зборови со какви притисоци се соочуваат наставниците во изминатите годиниРаботам како наставничка во едно основно училиште. Не можам да опишам со зборови со какви притисоци се соочуваат наставниците во изминатите години. Најголемите проблеми ги имав за време на минатогодишниот штрајк на наставниците. Од една страна беше донесена одредба во законот за т.н заменски наставници кои го попречуваа нашето главно право на штрајк. При тоа, одговорните лица во училиштата најдрско ни се закануваа дека ќе останеме без работа. Од друга страна, јавноста не ни ја даде потребната поддршка. Најгледаните медиуми не известуваа за штрајкот ама важно известија за прекинот на штрајкот. Се соочувавме со јавни етикетирања дека сме дел од опозициската партија и слично, а дури тие етикетирања се правеа и на нашите ученици-поддржувачи, инаку малолетни деца. Од трета страна, нашиот синдикат, СОНК, кој требаше да ни ја пружи најголемата поддршка, нѐ изигра и на чекор пред постигнување договор со Министерството за образование и наука се повлече и нѐ остави на цедило, без правна заштита. Единствениот надеж го гледав во Наставничкиот пленум, но и со него некако тапкаме во место. Оваа атмосфера на прекумерни казни во образованието создава потчинети граѓани и затоа не треба да нѐ чуди и учебникот по Граѓанско образование коj ги учи децата како да бидат послушни граѓани.
Анонимна (39 години, Скопје) |