Синдикатот и како тој не успева да се избори за основни работиНе знам дали може да се зборува за правото на штрајк, затоа што многу примери покажуваат дека се прави се за да се спречат и казнат тие што штрајкуваат. Многу сум разочарана и од Синдикатот и како тој не успева да се избори за основни работи. Еден пример кај нас 2004 година синдикатот не сакаше да застани позади своите членови поточно 12-13 бевме од работа што побаравме помош од правникот на синдикатот да застане позади нас да ни помогне, да не упати каде да си ги бараме своите права и да добиеме решенија. Но правникот рече дека тој не може ништо да ни помогне и да си бараме решение на некое друго место. И во знак на револт ние 12 кои бевме засегнати од тој проблем му ги оставивме книшките и си заминавме од синдикат. Оттогаш наваму масовно имаме откажувања од членството на синдикатот. Зошто, затоа што секога една политика шпто се случува или штрајк што треба да го изрази нашето незадоволство излегува дека...не знам, како претседателот на синдикат да е повеќе политички играч. Тоа го зборуваме и низа примери покажале такво нешто, дека престедателот не застанува зад своето членство туку напротив ги омекнуват преговорите. Ќе се случи нешто големо преку ноќ и наеднаш ќе се стиши таа еуфорија за која сме верувале дека еве ќе се оствари ..нашите барања, ќе се случи чудо. Никогаш откако излегов и еве досега ниту еден претседател не застанал да ја одбрани во вистинска смисла својата фела. Дојчин ни ги напраи илузиите. Верувавме навистина дека ќе станат стварност само на крај тоа излезе дека е смешка и ништо не е вистина. Како што во моментов во нашето училиште само техничкиот персонал е член и дали двајца или тројца професори.
Анонимна (42 години, Скопје) |