СЛОБОДА НА ЗДРУЖУВАЊЕ И СОБИР
Власта во компетитивниот авторитаризам сепак зависи од изборите кои, иако нефер, сепак нудат можност за пресврт. Оттаму популизмот е клучен за опстојувањето на еден ваков режим. Од друга, пак, страна, ефикасното задушување на слободата на мислата и маргинализацијата на секоја критика е тлото што е неопходно за делотворноста на пропагандата. За оваа цел задушувањето на слободата се врши суптилно и преку користење на легалните механизми. Некои од механизмите се: „поткуп, селективна алокација на државно рекламирање, манипулација со долгот и даноците на медиумите, поттик на конфликт меѓу акционерите, и рестриктивно медиумско законодавство што го олеснува прогонот на независните и опозициските новинари.