Една од најмалку истражените области во поглед на влијанието на државните политики е бизнис секторот. Најголем дел од истражувањата се однесуваат на корупцијата. Во услови на нефункционална држава, корупцијата е широко застапена. Но, во контекст на компетитивниот авторитаризам, многу поважно е значењето на системската корупција. Имено, во отворен авторитаризам, власта има директна и непречена контрола врз ресурсите. Во услови, пак, на хибриден режим, посебно во компетитивен авторитаризам каде што власта се осигурува сепак преку избори, неопходни се огромни средства за добивање на изборите. Затоа, битно е да се разбере концептот заробена држава. Како што наведовме претходно ова е состојба во која корупцијата е длабоко навлезена, востановена и легализирана.
Во еден од овие извештаи од 2013 година на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал се укажува дека корупцијата е петтата најзначајна пречка за водење бизнис, но пред нејзе се токму владините политики - регулативите поврзани со даноците и честите промени на законите и прописите, односно правната нестабилност.(1)

Графикон бр.6
Број на глоби во Закон за трговски друштва (1995-2014 година)

Како што може да се воочи од графиконот бр.6, бројот на глобите во Законот за трговски друштва бил најмал во периодот 1995-1999 и изнесувал 38. Во наредните години со измените и дополнувањата на законот, нивниот тренд бил во пораст па така во 2014 година има дури 65 парични казни.
Информациите за контролата врз бизнисот од страна на Владата преку владините политики покрај класичните коруптивни механизми се спомнуваат во медиумите од време на време. Секогаш за оваа тема се зборува со воздржаност, се заштитуваат изворите на информации заради стравот кој го имаат луѓето од бизнис секторот поради реперкусиите. На пример во 2012 година во весникот „Фокус“, во текстот под наслов „Кога фирмите живеат во страв од власта, производството на страв е најголемиот бизнис“ новинарот вели: „Никој официјално нема да проговори дека казнената политика е во функција на дисциплинирање на непослушните бизнисмени, дека казните се делат од ракав, дека погони се затвораат и за најмали грешки во работењето..!“(2) Ваквата состојба на владеење страв во бизнис секторот се појавува и во дискурсот на опозициските политичари.
Интересно е исто така дека истата реторика која оперира со стравот кај граѓаните и бизнисмените се користи и од медиумите кои се блиски на власта, единствено обвинувањата се во спротивна насока – дека опозицијата креира страв и несигурност.(3)
Стравот да се зборува јавно за проблемите со кои се соочуваат, а кои произлегуваат од државните политики придонесува луѓето да зборуваат за овој голем проблем исклучиво во тесни кругови. Тоа остава простор за користење на заплашувањето со инспекции и казни да биде употребено и за други цели. Токму заради чувствителноста на темата и контекстот, ваквиот вид податоци најчесто можат да бидат достапни преку квалитативни методи на истражување. Така на пример, податоците од истражување спроведено од Институтот за општествени и хуманистички науки за потребите на проектот „Граѓанските организации во промоција и застапување на правото на слобода на изразување и здружување“, укажуваат на користење на инспекциите за политичка пресметка. Имено, во фокус група спроведена со граѓани од општина Струмица се наведува пример за систематско предизборно испраќање на инспекции во фирми за кои се претпоставува дека се блиски до опозициската партија. Во медиумите исто така се известуваше во неколку наврати за акции на инспекциите на терен и за голем број затворени претпријатија.(4)
Особено погодени од регулативите кои предвидуваат казни за трговските претпријатија се малите и средните претпријатија за кои неколку инспекции и казни може да предизвикаат целосно затворање на бизнисот.(5) Фирмите се соочуваат и со неможност да си ги наплатат побарувањата од државата и со тоа се ставени во позиција да бидат неликвидни и да се соочат со затворање.(6) И во врска со овој проблем, малите претпријатија се најранливи и се плашат да говорат јавно „Не планираме да се жалиме. Пред три години кога на една телевизија јавно проговоривме за проблемот, следниот ден неколку инспекции ‘случајно’ ни дојдоа во фирмата. Не можам да ви објаснам на какви сѐ начини се обидуваа да најдат ‘нешто’ за да нѐ казнат. Откако не најдоа ништо, на крајот се фатија за една толку споредна, несуштинска работа, аме ете и таква глупост била предвидена во законите. Напишаа казна, која, покрај ненаплатените побарувања, дополнително го загрози нашето тековно работење“, велат од микро прeтпријатие, на кое јавно претпријатие му должи пари за извршени услуги.“(7)
Управата за јавни приходи имала пракса да известува за бројот на инспекциски надзори и казни во редовните соопшетнија на нивната веб страна сѐ до 2014 година. Оттогаш нема нови соопшенија за инспекциите, изречените казни или опомените. Од анализата на овие податоци кои по пат на соопштенијата на УЈП беа на располагање, не се забележува промена ниту во бројот на инспекции ниту во бројот на казни.
Новите промени во регулативата за скалесто казнување според економската моќ на фирмите како и воведувањето на опомените пред првото казнување се последните промени во политиките кои во јавноста беа проценети на различен начин.(8) Од една страна ваквата измена се сметаше за покажување на слух за критиките и создавање подобра бизнис клима, додека од друга страна како избрзана одлука чија единствена цел е да се направи предизборен маркетинг. Ние тврдиме дека и покрај олеснувањето што евентуално би го донело скалестото глобење, останува проблемот дека извршната власт се однесува како судска и има на располагање толкава моќ на казнување што останува несомерлива во својата надмоќ врз другите форми власт и, со тоа, ја одржува системската корупција.

Референци
(1) Канцеларија на Обединетите нации за дрога и криминал, Бизнис, корупција и криминал во Република Македонија: Влијанието на поткупот и другите форми на криминал врз приватните фирми, Енрико Бисоњо, Мајкл Јандл, Лучија Мотолиња Карбаљо, Феликс Реитерер, (Виена: Канцеларија на обединетите нации за дрога и криминал, 2013).
(2) „Кога фирмите живеат во страв од власта, производството на страв е најголемиот бизнис“, Фокус (24.02.2012) достапно на: http://fokus.mk/koga-firmite-zhiveat-vo-strav-od-vlasta-proizvodstvoto-na-strav-e-najgolemiot-biznis/, пристапено на 18 декември 2015.
(3) „Граѓаните во страв, бизнисмените во грч- заканите на Заев ја исполнија целта на странските служби“ (Радио Слободна Македонија, 4.02.2015), достапно на: http://rsm.mk/web/?p=33532 пристапено на 18 декември 2015
(4) „Пазарната инспекција казни 14 фирми“ (Kumanovo News, 11.09.2014 ) достапно на: http://www.kumanovonews.com/vesti/pazarnata-inspekcija-kazni-14-firmi; „Изборен упад во Прилеп со казни, рушење и затварање фирми“ (GevgelijaNet, 09.01.2014) достапно на http://gevgelijanet.com/index.php/vesti/2014-01-09-21-19-58/item/1183;
„Даночниците дела казни во Охрид“ (Vesti.mk 09.09.2014) достапно на http://www.vesti.mk/news/3066939/danochnicite-delea-kazni-vo-ohrid пристапено на 18 декември 2015.
(5) „Писмо до Горан Трајковски од УЈП“ (ОФФ Нет 04.112013 достапно на )http://off.net.mk/pisma-na-chitateli/pismo-do-goran-trajkovski-od-ujp, пристапено на 18 декември 2015
(6) „Должи ми неограничено, блокирај ме нежно“ (DW 21.09.2015)достапно на http://www.dw.com/mk/должи-ми-неограничено-и-блокирај-ме-нежно/a-18726315 пристапено на 18 декември 2015
(7) „Должи ми неограничено, блокирај ме нежно“ (DW 21.09.2015)достапно на http://www.dw.com/mk/должи-ми-неограничено-и-блокирај-ме-нежно/a-18726315 пристапено на 18 декември 2015
(8) „Реакции за намалувањето на казните за фирмите“ (Телма телевизија 12.10.2015) достапно на: http://telma.com.mk/vesti/reakcii-za-namaluvanjeto-na-kaznite-za-firmite пристапено на 21.12.2015; „Намалувањето на казните за компаниите - предизборен маркетинг или оправдан потег (24 Вести, 24.07.2015) достапно на http://24vesti.mk/namaluvanjeto-na-kaznite-za-kompaniite-predizboren-marketing-ili-opravdan-poteg, пристапено на 21.12.2015 CIP - Каталогизација во публикација