Цел живот водам кафичи и знам добро што се случува.Цел живот водам кафичи и знам добро што се случува. Немам ништо проблем против тоа да се работи добро и да казнува инспекција тоа што треба ама понашањето на инспекторите ме вади од такт. Има една госпожа, нејќам по име да ја кажам што доаѓа секогаш кај мене во кафич и пие на наша сметка. Не е проблем ај еднаш ај двапати ама доаѓа најмалку еднаш во недела и се понаша многу безобразно. Еднаш од новите девојчиња што немаше појма која е кога и побара да плати за макијатото почна да и се заканува дека ќе го затвори цел кафич и она ќе биде крива. Девојчево почна да плаче, прва работа, доаѓа надвор од Скопје и оваа и се заканува вака. За едно макијато! И не е проблем, нека пие еднаш-двапати ама не може да влече и маж и деца и другарки и да се шлепа секогаш на тоа дека е инспекторка. И сега дури и си има свое место кај што седи во кафичот па ни прави проблеми ако седи некој друг ко ќе дојде. И си пие што сака, станува без да плати, а мене ако ме види ми намига демек да не се секирам дека ќе ме казни. И се си испаѓа така, не ме казнува ама си пие што сака и јас не можам да и кажам ништо и знам како е по други места, одма може да ти извади казна голема да платиш може кафич да ти затвори ама самото понашање пред моите вработени и гости, силата што ја зема ме вади од такт!
|
Анонимен (39 години, Скопје